Почетна Вести Признание од грчки Архимандрит: Мошти од Свети Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција
Признание од грчки Архимандрит: Мошти од Свети Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Признание од грчки Архимандрит: Мошти од Свети Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

4.01K
2

Јоаникиј од Ракотинци, еден современ охридски светител!, под овој наслов Архимандритот на грчката православна црква Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.

Архимандритот Порфириј пишува дека пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел вести и фотографиите од еден чудесен човек Божји.

Porfirij Verija-Поминаа години. По нашето населување во Претечевиот манастир, при едно поклоничко патување во љубениот Охрид, имавме благослов не само да ги целиваме чесните мошти, но и да добиеме една значителна честица од осветените чесни мошти на нашиот пријател. Топло му благодарам на Старец Партениј од Бигорски за големиот благослов што ни го подари, на браќата што го напишаа житието на отец Јоаникиј, пишува грчкиот архимандрит во текстот, објавен на највлијателниот сајт за црковни прашања, „Ромфеа.“

Порфириј потоа пишува дека подоцна при патување во Македонија ги посетил местата каде што престојувал отец Јоаникиј. Архимандритот на ГПЦ, во текстот пишува дека по нарачка на Игуменот на Бигорскиот Манастир, Партениј, химнографот на Великата Христова Црква, о. Атанасиј, веќе изработил и сам тропари во негова чест и ја подготвува (*веќе е завршена и скоро преведена на македонски) целосната служба, за Светиот Јоаникиј. Потсетува и дека постои преведено (*на грчки) кратко житие, а се преведува и долгото, од страна на браќата на Манастирот на Чесниот Претеча (Бигорски).

Архимандритот од Верија, пишува и за чудата на Свети Јоаникиј, кои се случувале во нивниот манастир како резултат на честиците од моштите што ги добиле од Македонија, посочувајќи дека во случај на болни браќа и сестри, имале обичај да им порачуваат на роднините да палат кандило на овој нов Преподобен.

-Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла: Јорго, ова се мошти од еден светител, поклонете му се. Младичот, вака-така се прекрстил и ги целивал чесните мошти. Имал камења во бубрезите, големи колку топче за пинг-понг, по еден во секој. Во понеделникот што следувал требало да оди во болница на операција. Но, на испитувањата пред хируршкиот зафат, се утврдило дека камењата се исчезнати, без болка и без трага. Во друг случај, мало девојче, кое страдаше од страшен демон „по наследно право“, доживеа големо чудо и скоро потполно се смири кога ги целива моштите. Друга жена болна од рак, која лекарите ја отпишале од живите, светителот ја озари и откако помина скоро година, продолжува да живее, да се радува и да го прославува Божјиот Светија, пишува Архимандритот на ГПЦ, Порфириј.

Сепак, тоа се само дел од чудата на Светиот Јаникиј, што се случиле во Грција. Во Македонија се забележани и низа други чуда, кои се случувале, а некои од нив ќе бидат објавени во житието.

ЈоаникијАрхимандритот Порфириј, во својот текст заклучува:

-Ние, како членови на телото на светата Православна Црква, можеме да уживаме во даровите на благодатта, упатувајќи ги кон Божјиот човек нашите молитвени прозби и да се радуваме на даровите од Бога преку Неговите светители. Затворајќи го овој прв осврт кон о. Јоаникиј од Ракотинци, новиот велик Преподобен, сакаме скромно да кажеме дека светителите се богатството на нашата Православна Црква и нивното живеење е мираз на верните, сегашни и идни, „од сегашната Црква и од идната“, како што вели еден тропар од Литијата на службата на преподобниот Дионисиј, нашиот ктитор, чудотворецот на Олимп, со кого заедно ќе празнува и о. Јоаникиј кога ќе благослови Бог, пишува во текстот, Архимандритот Порфириј, Игуемн на манастирот во Верија.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(2)

  1. Prekrasno! Znae li nekoj da kaze, kade i koga kaj nas vo Makedonija se postaveni i otkrivani mosti od Sv. Jonakij Rakotinski za poklonuvanje na vernicite?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *