Почетна Вести Христијанство Привремено затворање на храмовите и онлајн пренос на богослужбите
Привремено затворање на храмовите и онлајн пренос на богослужбите

Привремено затворање на храмовите и онлајн пренос на богослужбите

1.31K
0

Заради законските рестрикции воспоставени за заштита од Корона вирусот КОВИД-19, храмовите на Македонската православна заедница од Австралија ќе бидат привремено затворени за собирање на парохијаните, како и сите други верски објекти во Австралија, но свештениците ќе продолжат со одржување на богослужби и литургии.

Исклучок се погребалните служби, крштевките и венчавките, кои ќе продолжат според правилото дека посетителите треба да одржуваат меѓусебно физичко растојание од едно лице на четири метри квадратни.

Во тек сме на воспоставување редовни преноси на богослужбите преку интернет, при кои секој од вас ќе може да помогне со скромни донации нашите храмови и свештеници да ги издржат натамошните оперативни трошоци, да ја пребродат оваа криза и да останат максимално функционални. Тоа се однесува и на претстојните Велигденски богослужби, како и на останатите празници и редовните литургии. Како во храмовите, така и дома и на други јавни места, ве замолуваме внимателно да ги следите упатствата на стручните лица за спречување и контрола на ширењето на КОВИД-19, за ваше лично добро, за доброто на вашето семејство и пошироката заедница. Бидејќи законите и правилата за менаџирање на оваа криза се менуваат дневно и често бараат дополнително разјаснување, ве замолуваме оваа страница да ја следите дневно, велат од македонската православна заедница во Австралија.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *