Почетна Вера Прилеп доби уште една нова црква
Прилеп доби уште една нова црква

Прилеп доби уште една нова црква

293
0

Во Прилеп, во состав на Градската болница „Борка Талевски“ почна да функционира новиот храм посветен на „Св.Великомаченик Пантелејмон“.

Осветувањето на новоизградената црква, во неделата на  7 август 2016 година, го извршил надлежниот Митрополит г. Петар со свештеници од Преспанско-пелагониската епархија.

Црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“, е со димензии 10 метри должина и 7 метри ширина.

Оваа црква е дел од трите верски храмови што последните неколку години се изградени во Прилеп.

Храмот е изграден со помош на МПЦ, локалната самоуправа и со доброволни прилози од верниците и граѓаните.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески наскоро најави осветување на уште една црква, на влезот во Прилеп, во близина на Могилата, која го носи името на „Свети Наум Охридски“.

/ФОТО: ППЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *