Приказната за фотографијата која на социјалните мрежи предизвика огомен интерес, а на која во срдечна прегратка се две девојки, едната муслиманка и другата часна сестра од редот на Католиците е сосема случајна, но таа остава голем белек на меѓуверска почит.
Девојката, муслиманка која е на фотографијата е Шеља Хаџимељиќ, средношколка во медресата во Мостар.
Таа поради големиот интерес во јавноста одлучила приказната да ја раскаже за агенцијата „Анадолија“.
Вели дека е фотографирана во „Гази Хусре-беговата џамија“ во Сараево, сосема случајно, но таа средба со чесната сестра и останала како многу драга средба на две личности кои се длабоко оддани на верата.
Шеља била на летен распуст летово во Сараево и при посеатат на Џамијата сретнала група туристи, за кои мислела дека се од Русија или од Полска, бидејќи не зборувале англески.
Едноставно посакала да се фотографираат заедно, а потоа и со целата група.
Приказната потоа ја направија социјалните мрежи.

