Почетна Вера Евангелско-Методистичка Претседателот Иванов покровител на настаните за 500 години Протестантска Реформација
Претседателот Иванов покровител на настаните за 500 години Протестантска Реформација

Претседателот Иванов покровител на настаните за 500 години Протестантска Реформација

143
0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е покровител на централната манифестација која во Македонија се одржува за одбележување на 500 години од Протестантската Реформација, еден од најзначајните моменти за протестантските цркви.

Иванов завчера ја примил делегацијата на Евангелско Протестантската Иницијатива, предводена од Генералниот секретар на Светската Евангелска Асоцијација, епископот Ефраим Тендеро и Претседателот на Меѓународниот совет на Меѓународната асоцијација за човековите права, Проф. Томас Ширмахер.

-За време на средбата, Претседателот Иванов изрази задоволство што ќе биде покровител на свечената академија по повод 500 години од Реформацијата. Тој ја истакна улогата на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигиски дијалог преку Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации и Светските конференции за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. „Имаме уникатен македонски модел на соживот и почитување на различноста. За нас, почитта е фундаментално различна од толеранцијата. Разликата меѓу двата концепта е суштинска бидејќи се толерира она што се мора, а се почитува она што се сака. Резултат на тој модел се Мајка Тереза и Борис Трајковски,” истакна македонскиот претседател, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Иванов и гостите разговрале и за мигрантската криза, за која тој потсетил дека низ Македонија минаа околу милион бегалци и мигранти. Изразил благодарност на црквите кои, заедно со другите сегменти на цивилното општество им пружија целосна хумана помош на бегалците, во согланост со врвните глобални хуманитарни стандарди.

-Во името на Светската Евангелска Асоцијација, епископот Тендеро се заблагодари за лидерството на македонскиот претседател и ги пофали неговите заложби за промовирањето на почитта во македонското општество. Се заблагодари за активниот придонес на Република Македонија на полето на меѓурелигискиот дијалог. Истакна дека, поаѓајќи од основните христијански принципи, целта на Светската Асоцијација е преку промовирање на човековиот развој да му се овозможи за секој човек да го достигне целосниот потенцијал, стои во оопштението.

Соговорниците го информирале претседателот Иванов за настаните и активностите во рамки на одбележувањето на овој значаен јубилеј, притоа изразиле задоволство од неговата поддршка и ангажман на теми поврзани со почитувањето на верските слободи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *