Претседателката Силајановска – Давкова: Улогата на Владиката Тимотеј е непроценлив придонес кон македонското духовно наследство

Date:

Share post:

Претседастелката Гордана Силјановска Давкова е прваиот политичар од државниот врв кој испрати сочуство за полинатиот Митрополит Тимотеј.

Во телеграмата со сочуство пичува дека со длабоко жалење ја примила веста за упокојувањето на почитуваниот Митрополит г. Тимотеј. Неговата смрт е голема загуба за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, но и за сите православни верници.

-Митрополитот Тимотеј беше докажан и почитуван духовен водач и учител, кој животот  им  го посвети на црквата, на верата и на спасението на своите верници.

Со посветеностa на Божјата работа, со мудроста и со неуморниот труд,  постојано ја зацврстуваше верата, го водеше народот по Божјиот пат и ја помагаше духовната и материјална изградба на црквата, како во татковината, така и во дијаспората.

Важеше за исклучителен свештеник и учител во Богословијата.

Целосно ѝ се посвети на  архипастирската служба во Австралија и Дебарско – Кичевската Епархија.

Неговата решителност во заштитата и унапредувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е непроценлив придонес кон македонското духовно наследство.

Нека Бог му дарува вечен спокој.

Вечна му слава, пишува Гордана Сиљановска Давкова, во телеграмата со сочувство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img