Почетна Вера МПЦ-ОА Премиерот Заев покровител на денот на Свети Климент
Премиерот Заев покровител на денот на Свети Климент

Премиерот Заев покровител на денот на Свети Климент

396
0

Македонскиот премиер Зоран Заев беше покровител на одбележувањето на државниот празник Свети Климент Охридски, кој се одбележа во рамки на јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

-Ние сме секуларна држава, но верските заедници и нивните закрилници, како што е за православниот свет Црквата, се и духовно и културно наследство, и како такви треба и да ги негуваме,и да ги надополнуваме, развивајќи се индивидуално и поттикнувајќи колективен развој низ нашиот индивидуален развој. Таков пример ни дава и свети Климент Охридски, во чија чест е исто така денешното чествување на овој ден. Бил еден од најблиските и најревносни соработници и соучесници во мисијата на светите Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народот. Како нивен ученик, бил подложен на страдања, но верувал во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал како човек, да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета. Применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои ја наоѓале во Црквата“, рече Заев.

Со свети Климент, додаде тој, се поврзани почетоците на писменоста македонска и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.

„Јас сакам да порачам денеска дека секој може да биде своевиден свети Климент почитувани граѓани и почитувани присутни. Духовноста, просветлението, просветителството се дадени на секој од нас, а со нивното практикување стануваме подобри луѓе, во подобар свет, солидарен свет, образуван свет. Така градиме сегашност и иднина за секој човек, секој граѓанин, за секој од нас“, рече Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *