Почетна Вера МПЦ-ОА Премиерот Заев од Струмица на полноќ со Велигденска честитка

Премиерот Заев од Струмица на полноќ со Велигденска честитка

166
0

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, традиционално Христовото воскресение го дочека во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.

„Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта, ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние граѓаните. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување“, рече Заев упатувајќи честитки по повод Христовото воскресение до сите христијани.

Објавата за Христовото воскреснување тој ја дочека заедно со сопругата Зорица, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеници во Собранието, соработници и голем број граѓани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *