Премиерот Заев ќе биде покровител на 75 годишнината од холокаустот на Евреите од Македонија

Date:

Share post:

Премиерот Зоран Заев ќе биде покровител на одбележувањето на 75 годишнината од Холокаустот на Евреите во Македонија. Заев денеска ја прифатил поканата од Еврејската Заедница на средбата со претседателката на заедницата, Берта Романо-Николиќ, и делегација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, предводена од Горан Садикаријо, извршен директор на фондот.

Следната година на 12 март свечено ќе биде отворена музејската поставка во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, која сега е во завршна фаза на обнова.

Премиерот Заев изрази големо задоволство од поканата и рече дека му е чест што ќе може на овој начин, тој, и Владата на РМ, да ја поддржат оваа манифестација и да помогнат околу нејзиното организирање. Во рамките на средбата се отворија и повеќе други прашања од активностите на заедницата и организациите на Евреите во Македонија и беше постигната согласност да се направат сите неопходни чекори за надминување на одредени прашања во врска со спомен обележјата на еврејската заедница, стои во соопштението од Владата.

Инаку во пресрет на најголемиот еврејски празник Јом Кипур, претставниците на двете делегации на премиерот Заев му подариле „мегила“, традиционален еврејски свиток со испишани стихови од Тората, светата книга на Евреите, со порака која вели дека „за чесниот човек надалеку се слуша“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...