Почетна Вести Ислам Премиерот Заев и директорот Сотировски на средба со Ријасетот на ИВЗ
Премиерот Заев и директорот Сотировски на средба со Ријасетот на ИВЗ

Премиерот Заев и директорот Сотировски на средба со Ријасетот на ИВЗ

201
0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски, оствари средба со раководството на Исламската верска заедница во Република Македонија, предводено од Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

На средбата биле разговарани тековните прашања за ИВЗ, како и проблемите во функционирањето на муфтиствата.

-Исто така, на средбата беа разгледани можности и перспективи за динамизирање на соработката во следниот период во насока на изнаоѓање соодветни решенија за преостанатите прашања со денационализацијата на верските имоти на ИВЗ. За оваа верска заедница тема од интерес беа верските образовни институции, со посебна нагласка на проблематичниот статус на училиштата кои пропагираат и учат исламски верски фанатизам и радикализам, стои во соопштението од Владата.

Премиерот Заев ги афирмирал ставовите на Владата за почитувањето на верските потреби и слободи на граѓаните и за подобрување на комуникацијата со верските заедници за заедничко решавање на проблемите и зацврстување на меѓусебната доверба како клучен фактор во градењето заедничко општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *