Почетна Вести Христијанство Премиерот Заев дојде со мотор на осветување на црква во Варварица
Zaev-na-svojot-motorickl-1
memeti-na-narodniot-sobir-so-simo-krstev
zaev-so-clenvoite-na-moto-klubot-ATV-strumica-podarija-ikona

Премиерот Заев дојде со мотор на осветување на црква во Варварица

1.55K
0

Премиерот Зоран Заев, кој е член на мото клубот АТВ Струмица, со моторцикл на 4 тркала дошол во иселеното село Варварица во Општина Василево, каде се осветуваше реконструираната црква од 17 век „Св. Петка“ и се одбележуваше 73 години од формирањето на првиот Народноослободителен одбор за Струмичко, пишува „СДК.МК“.

Во планинското мото рели меѓу 15-тината членови беше и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кој исто е мото рели возач.

Заев и Рашковски заедно со членовите на клубот АТВ Струмица на црквата во селото Варварица подарија икона на Света Петка.

-Знаете дека сакам да возам мотор на четири тркала и денеска уживав по убавините на Еленица заедно со моите пријатели. Еве дојдовме и во селото Варварица каде има народен собир, кусо рече Заев.

Неговата посета на селото Варварица оддалечено 30-тина километри од Струмица речиси ги изненади сите присутни на народниот собир. Премиерот Заев беше пречекан новиот градоначалник на Василево Марјан Јанев и пратеникот од оваа Општина Сашко Атанасов.

На народниот собир во селото Варварица организиран од Општина Василево и Симо Крстев, присутен беше и Народниот правобранител на Македонија Иџет Мемети, кој дојде неколку часа пред Заев со неколку пријатели со џип.

-Дојдов на покана на мој драг пријател Симо Крстев и морам да кажам дека ваквите собири се добри за да народот ја негува историјата, традицијата и да не ги заборава своите корени. Верувам дека сите што се тука се се дојдени со позитивна енергија и љубов и мора така да продолжиме, рече Омбдусманот Мемети.

Варварица е иселено место пред 30-на години, но последниве години почна интензивно да се инвестира во нови викендици и подигање овошни насади во ова село, кое нуди одлични можности за развој на пчеларство и сточарство. Проблем само е неасфалтираниот пат и исклучената струја за многу стари и дотраени куќи во Варварица.

/СДК.МК/фото:СДК.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *