Почетна Вести Регион Премиерот на Бугарија Борисов: „Јас не можам да ги затворам црквите“
Премиерот на Бугарија Борисов: „Јас не можам да ги затворам црквите“

Премиерот на Бугарија Борисов: „Јас не можам да ги затворам црквите“

4.55K
0

„На митрополитите им кажував, кога ќе ми се јавеа, а и јас им се јавував – да направат сè возможно, колку што се може, мирјаните да се пораздалечени, да ги дезинфицираат иконите и просторот каде што луѓето се собираат. Да ги преземат сите можни мерки и Господ да ни помага“ – рече на својот брифинг Премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Овој одговор му беше испровоциран од новинарско прашање за продолжувањето на сериозните мерки за социјално дистанцирање до 12 април, како и за претстојните велигденски празници.

„Од оваа криза само Господ може да нè извади, така што и во однос на оваа тема, тоа е моето мислење. Знам дека многу атеисти велат: затворете ги црквите. За сè друго имам волја, имам смелост, но ова не можам јас да го направам“, додаде уште Премиерот Борисов.

Досега бугарската држава упатила кон бугарската црква само вербални препораки, но единствено Светиот Синод има овластување да ги затвори храмовите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *