Почетна Анализа Преку помирување до автокефалност на МПЦ-ОА
Преку помирување до автокефалност на МПЦ-ОА

Преку помирување до автокефалност на МПЦ-ОА

386
5

Српската православна црква (СПЦ) сѐ уште официјално молчи по најавата на вселенскиот патријарх Вартоломеј дека има намера да биде посредник за решавање на спорот со Македонската православна црква-Охридска архиепископија, но српската стручна јавност е скептична дека крајниот исход би бил издавање томос за автокефалност на нашата црква. Во недостиг од официјални изјави на српските владици, верските аналитичари во Белград оценуваат дека вселенскиот патријарх Вартоломеј прави обид да ги помири МПЦ-ОА и СПЦ, а не да признава нова црква во Македонија.

Оттаму посочуваат дека по средбата што македонската државна делегација, составена од бившиот премиер Зоран Заев и премиерот во техничката влада Оливер Спасовски, пред неколку дена ја имаше со патријархот Вартоломеј во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул, Турција, патријархот нема да го реши спорот меѓу двете цркви самостојно, туку се обидува да го надмине проблемот со предлагање на медијација.

Историчарот Александар Раковиќ од Србија вели дека медијацијата што ја предлага вселенскиот патријарх Вартоломеј меѓу двете цркви нема да донесе ништо ново. Според него, останува да се види дали, по настаните во Украина, СПЦ ќе ја прифати поканата да отиде во Цариград, каде што разговорите би ги модерирала Вселенската патријаршија.

– Ако се случи разговорот, а не сум сигурен дека тоа ќе се случи воопшто, не мислам дека може да се очекува нешто ново. Прво и основно, неопходно е помирувањето во Македонската црква, што е во раскол со канонската македонска православна Охридска архиепископија, која е дел од Српската црква. Потоа, усогласената Македонска црква може да бара статус различен од автономниот што СПЦ веќе ѝ го дала – вели Раковиќ.
Неколку работи, според Раковиќ, ја поддржуваат тезата дека сега не е време да се почнат разговори помеѓу СПЦ и МПЦ под покровителство на Цариград. Една од нив, според него, е проблемот во Украина.

– Овој земјотрес што се случи во рамките на православниот свет треба да се смири. Мислам дека не е реално во овој момент да се разговара. СПЦ смета дека македонското црковно прашање е внатрешен проблем и, со оглед на ова, или ќе иницира разговори со македонската хиерархија, или ќе излезе во пресрет на нејзиното барање. Не знам дали воопшто е реално за Српската црква да прифати каква било вмешаност на трета страна, како што е патријаршијата на Цариград – заклучува Раковиќ. Инаку, во официјалното соопштение од Вселенската патријаршија пишува дека патријархот Вартоломеј ја примил делегацијата на Македонија по нејзино барање, за да се реши проблемот на непризнаената МПЦ.

Оттаму соопштуваат и дека патријархот одлучил во седиштето на Вселенската патријаршија да се поканат претставници од Српската православна црква и од МПЦ-ОА, во насока на советување и на обид за наоѓање заеднички прифатливо решение меѓу двете страни.

Засега во Македонија само доскорашниот премиер Зоран Заев имаше иницијатива за поддршка, со писмото што го испрати до вселенскиот патријарх и во кое побара решавање на статусот на МПЦ-ОА.

Првичните прогнози на македонската експертска јавност се дека македонското црковно прашање станува дел од приоритетите на Вселенската патријаршија и во периодот што следува треба да се очекуваат многу поконкретни чекори за решавање на овој повеќедецениски проблем во православието.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

Коментар(5)

  1. Радмила , дај ве молам ако сакате да бидете сериозни новинари престанете пред се да цитирате самонаречени експерти како овој што веќе го цитирате, во смисла на меродавен фактор во црковните прашања!

    Ако веќе го правите тоа , имајте храброст и новинарска дрскост прво да го поканите Ракиќ во Македонија и да го замолите да ви ми покаже манастирите и црквите на ПОА во Мк и пред и се дајте нека се пребројат!
    Толку многу ја виздигнаа таа ПОА што во другите православни земји на основа на српската пропаганда(неоснована се реазбира) мислат дека во Македонија врие од народ во црквите на ПОА!
    А не знаат дека се двајца без тројца!
    Е сега што е проблемот , и да се претпостави помирување!?
    СПЦ не знар што да прави и што би правела си ПОА односно со импровизацијата таканаречена ПОА и со Зоранчо Вранишковски!
    Е токму затоа сега ќе го импутираат во секој коментар!
    А вие пак одозгора и го цитирате наместо да игнорирајте!
    Немате никаков борбен а уште помалку одбранбен став !
    Млако, анемично!
    Прочитајте си уште еднаш добро !
    Немате НИКАКОВ СТАВ , никаква интелектуална агресија!

    А потоа, доведете го Ракиќ во вистинските македонски манастири да види каде е народот и каде е црквата во Македонија!
    Ви се молам Радмила ( и Марјан!)!
    Не можете да го поднесете Ракиќ дали чул за Бигорски, за Калишта, за Лесново, за Водоча, …. за 10 години во црквите на Зоран Вранишковски се нема соберено толку народ колку за Велигден и Рождество во Бигорски!
    Црквата е таму каде што е народот!
    Или во најмала рака испратете му линкови на Ракиќ од Велигден во Бигорски и Велигден кај Вранишковски!
    Воопшто не сте креативни!
    П.с.
    Радмила поздрави си го менторот!
    Ако не се наоѓаш себе си во тема религија , не се мачи , пробај друга област, не си го троши времето а не ги мачи и луѓето околу себе!
    Ти и сама не знаеш со каква тема си се зафатила девојче!
    Ова не е тема за почетници !
    Словото ти нема доволно сила а и се гледа дека Бог не те просветлува , бидејќи не си одиш редовно на црква!
    Зар твојот ментор не ти кажува дека ова тема тешко бреме за македонскиот народ!
    И треба грб да се има ама ти мила моја го немаш!
    Бог на помош!

  2. Раковиќ , де….
    Грешка !
    И уште една печатна грешка да исправам :
    Наместо не можете да го поднесете
    треба да стои:
    Не можете ли да го подберете Раковиќ

  3. Прочитај се уште еднаш!
    Написот ти е започнат со : СПЦ официјално молчи ….ама некои стручњаци таму имаат свое мислење и ај сега ќе си пишуваме написи за тоа што некој мисли…
    И сето тоа под атрактивен наслов :
    ПРЕКУ ПОМИРУВАЊЕ ДО АФТОКЕФАЛНОСТ НА МПЦ -ОА,
    Ако настаните во МПЦ зависеа од мислењата на Раковиќ…

  4. Радмила, твоите размислувања некогаш треба да си ги зачуваш засебе. Не се пишува сешто и секогаш. Нема ти сега да ја промениш филозофијата повикувајки се на едикојси. Остави ги тековие да си течат. Има кој да мисли … пред се Бог …

  5. Раковиќ има докторирано на труд Историја на рокенролот во Југославија, а пред неколку години изјави дека Македонија ќе се нарекува Централно балканска република. Толку за неговиот кредибилитет Повнимателно бирајте експерти за давање мислење.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *