Почетна Вести Свет Предвидени се 40 милиони евра за возобнова на Православниот дом за сирачиња во Константинопол
Предвидени се 40 милиони евра за возобнова на Православниот дом за сирачиња во Константинопол

Предвидени се 40 милиони евра за возобнова на Православниот дом за сирачиња во Константинопол

225
0

На иницијатива на водечка добротворна организација од Европа, започна подготовката за возобнова на Православниот дом за сирачиња во Истанбул „Принкипо“, кој би чинел 40 милиони евра и би се градел во текот на следните пет години. Православниот дом за сирачиња се смета за најголема дрвена зграда во Европа и втора по големина во светот. Овој објект се наоѓа во Принкипо, еден од најголемите острови на константинополскиот брег.

„Во моментов, објектот е напуштен и оставен на распаѓање, затоа неопходни се итни интервенции за да може да се заштити зградата од понатамошно пропаѓање“, е наведено во извештајот на добротворната организација. Со оглед на тоа дека легален сопственик на местото е Вселенската Патријаршија, таа ќе биде одговорна за распоредување на средствата и реализирање на проектот. Домот за деца содржи 206 соби распоредени на 5 ката и бил изграден од францускиот архитект Александар Валаури во 1899 год.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *