Почетна Вести Православните сочувствуваат со жртвите од тероризмот во Брисел
Православните сочувствуваат со жртвите од тероризмот во Брисел

Православните сочувствуваат со жртвите од тероризмот во Брисел

92
0

Православните христијани од сите цркви, заедно со своите поглавари и епископи на помесните цркви со молитви ја изразуваат тагата и сочувствуваат со роднините на загинатите и повредените во вчерашните терористички напади во главниот град на Белгија, Брисел.

Меѓу оние кои досега испратија реакции на осуда на тероризмот се Цариградската патријаршија, преку својот митрополит Атинагора во Брисел, Рускиот Патријарх Кирил, Романскиот Данаил и претставници на другие православни цркви.

Голем дел од православните епископи и свештеници своето сочувство и осуда го изразуваат и преку социјалните мрежи и се приклучуваат на масовните осуди од обичните луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *