
Соборот на православната црква на Крит е главна тема на светските медиуми, особено делот кој се однесува на неучеството на Руската православна црква. Ви пренесуваме една анализа на германски „Дојче Веле“
Во светот има 14 самостојни поединечни православни цркви. Руската патријаршија, најголемата меѓу нив, како и ортодоксните цркви на Грузија, Србија, Бугарија и патријархот од Антиохија, го откажаа учеството на црковниот собор. Патријаршијата во Москва соопшти дека соборот се заканува да го подели наместо да го обедини православието. Вселенскиот патријарх Вартоломеј, почесен поглавар на околу 300 милиони православни христијани во светот, и покрај тоа досега инсистираше планираниот Собор да започне на 19. јуни.
Уште во мај почнаа расправии и поради планираниот распоред на седење на Соборот: словенските цркви беа незадоволни со тоа што патријаршиите кои се под влијание на Грчката православна цркца на патријархот од Цариград му доделија истакната позиција.
„ДА СЕ РАЗМИСЛУВА И ДА СЕ ДЕЈСТВУВА ЕДИНСТВЕНО“
За жалење е тоа што претставниците на православните цркви имаат проблеми со седењето на иста маса и со дискусијата за отворените прашања, вели теологот Танасис Папатанасиу за ДВ. Различните православни цркви се некој вид меѓусебна конкуренција: „Понекогаш се работи за власт, владеење, па и за национални интереси.“ Иако Папатанасиу критички гледа на тоа што православните верници релативно доцна се информирани за одржување на Соборот, тој е убеден дека откажување на манифестацијата или нејзино одлагање на неодредено време би биле фатален сигнал за православните цркви: „И порано имаше синоди на кои не учествуваа сите православни цркви.“
Најважно е претставниците на црквите да се сретнат за да разменат мислења за важни прашања на нашето време“, вели овој теолог. Тој смета оти православната црква прво мора повторно да научи „да размислува и да делува како единствена целина“, и оти најважна е подготвеноста на дијалог. Освен тоа, Соборот, како што вели, треба да се спротивстави на некој вид „внатрешноправославен фундаментализам“, кој одлучно го одбива секој дијалог со другите христијански цркви.
Папатанасиу очекува православното Собрание да ги продлабочи добрите односи со католичката и евангелистичката црква. Освен тоа, би требало да се договори и редовно одржување на таков состанок, на пример, еднаш годишно. Првиот обид за организирање такво Собор потекнува од 60-тите години на минатиот век. Тогаш се утврдени темите за кои би требало да се разговара, а денес има и нови теми како што се, на пример, биоетиката или интернетот. Додуша, тоа се работи за кои не може да се разговара пред да се воспостави консензус за толерантен дијалог.
Грчкиот теолог смета дека Вториот ватикански концил би можел да послужи како пример за Сесловенскиот Собор. Ватиканскиот концил пред 50 години беше одржан под поинакви околности: „Подготовките за тој концил беа уредни. Соодветни документи беа објавени пред средбата и по донесувањето на одлуките. За жал, тешко е да се најде документ за подготовките на Сесловенскиот Собор“. Освен тоа, на Вториот ватикански концил се разговараше и за алтернативните и нови теолошки тенденции, додека на православниот собор „за жал нема да бидат застапени ни верници, ниту жени“, вели Папатанасију, кој смета дека премалку се застапени и православни теолози кои можат да послужат како мост кон другите христијански цркви и „би требало да добијат постојано место во структурата на православната црква.“
/ДОЈЧЕ ВЕЛЕ