Почетна Вести Европа Православни, католици и англиканци на заедничка молитва во Рим
Православни, католици и англиканци на заедничка молитва во Рим

Православни, католици и англиканци на заедничка молитва во Рим

1.87K
0

Во Рим на плоштадот Св. Петар во Ватикан вселенскиот патријарх Вартоломеј од Константинопол, сирискиот православен патријарх од Антиохија Игнатиј Ефрем Втори, поглаварот на Англиканската црква, архиепископот Кантербери Џастин Велби и источните католички патријарси (коптски, сиро-католички и Мелкит), заеднич учествуваа на вселенското молитвено бдение.

Осум минути во кои заедно се молеа со околу 18 илјади луѓе, меѓу кои и илјадници млади луѓе, кои дојдоа на плоштадот Свети Петар од многу делови на светот на екуменското бдение организирано од заедницата Тезе, во сабота 30 септември 2023 година.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и другите православни поглавари имаа срдечна средба и молебен со Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

Бог не ја сака вревата, туку звукот на тишината. Навистина, тишината, е „важна и силна“ и „може да изрази неопислива болка при несреќа, но во моментите на радост, таа изразува задоволство што ги надминува зборовите“. Словото кое молчи во ноќта на Христовото раѓање и крстот. Затоа што, во свет полн со врева, веќе сме одвикнати од тишината, дури понекогаш тоа тешко го поднесуваме, бидејќи таа нè соочува со самите нас. А сепак тоа е основата на Словото и животот“, но и затоа што „молчењето во црковната заедница овозможува братска општење во кое Светиот Дух ги усогласува гледиштата“. На крајот, затоа што „христијанското единство расте во тишина пред крстот, исто како што го примаме семето и кое ги претставува различните дарови дадени од Светиот Дух на различните традиции: на нас е да го посееме, со сигурност дека само Бог дава да расте, рече Папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *