Православната црква на Романија го истакнува семејството на свети Василиј Велики како модел за современите христијански семејства

Date:

Share post:

Романската православна црква ја прогласила 2026 година за „Година на пастирска грижа за христијанското семејство и година на светите жени во црковниот календар“, при што официјалната икона за црковниот календар го претставува семејството на свети Василиј Велики, кое брои осум светители.

Во предговорот на црковниот календар за 2026 година, романскиот патријарх Даниел вели „Семејството на свети Василиј нѐ учи дека светоста раѓа светост.“

Во ова семејство, како светители се објавени: родителите Василиј и Емилија, бабата Макрина постарата, и пет од нивните деца — меѓу кои свети Василиј Велики, свети Григориј од Ниса, свети Петар од Севастија, свети Невкратиј, пустиник и чудотворец во Синај и света Макрина помладата.

Романската патријаршија нагласува дека семејното воспитување и живеењето според евангелските добродетели во семејното јадро се клучниот фактор за добри генерации на млади.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img