Почетна Вера МПЦ-ОА Православната црква се подготвува за Велигден, Цветници се прославува во празни цркви

Православната црква се подготвува за Велигден, Цветници се прославува во празни цркви

360
0

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим празникот Цветници беше одбележан без присуство на верниците. Свештениците редовно одржуваат литургии, а дел од нив се пренесуваат преку социјалните медиуми. Цвеќе, палмини и врбови гранчиња беа поставени во црквите како обележје за денешниот празник. Поглаварот на МПЦ ОА служеше света литургија во црквата Св. Ѓорѓија.

Во православните храмови сликата секаде беше речиси иста. Голем број верници немаа можност да дојдат во црква да се причестат ниту пак за да ги осветат погачите посветени на празникот.

Само свештеници и во црквата Св. Никола во Аеродром.

По Лазарова Сабота и Цветници следуваат последните денови од неколку неделниот пост пред Велигден. Од утре почнува „Страдалната седмица“ недела кога се одбележуваат последните настани од Христовиот живот на земјата за што свештениците служат посебни богослужби.

/Сител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *