Почетна Коментар Православието и неговото (не)единство
Православието и неговото (не)единство

Православието и неговото (не)единство

429
3

Повод за овој мој напис е реакцијата на Руската православна црква, а во врска со судирот помеѓу Српската православна црква и Црногорската православна црква. Особено оној дел каде што ЦПЦ се нарекува расколничка и т.н. неканонска. Таквиот груб напад е пред сѐ нехристијански спрема една братска црква произлезена од црногорскиот народ од црква што претендира да биде водечка во православието. Ваква реакција како спрема ЦПЦ се практикува и спрема МПЦ и Украинската православна црква. Со ваквите ставови РПЦ нема никогаш да биде обединителна. Ако целта е разединување, тогаш добро си ја тераат работата.

А што се однесува до тоа која црква е канонска, а која не е, тогаш сигурно можам да тврдам дека МПЦ, ЦПЦ и УПЦ се поканонски, т.е. постари и од Српската и од Руската. Сигурно тие се свесни и знаат историја дека МПЦ е стотици години постара и од двете цркви, но упорно сакаат да го докажат недокажливото, дека ќерката е постара од мајката.

Им препорачувам да видат како работи католицизмот на обединување и солидаризирање зад секоја идеја и прават разни сојузи, а православието е како рогови во вреќа, па се прашувам чиј е тој интерес освен на уфрлените, т.е. непријателите во нашите редови. Нека учат малку од историјата и нека се запрашаат зошто турската империја се ширела и владеела само во православните земји.

П.С. Во оваа пригода сакам да анализирам и претпоставувам што ќе беше ако беше, односно ако успееше мисијата на Мис Стон или идејата на охридскиот владика, мислам дека се викал Атанасиј, да побара помош од папата во Рим во 16 век за ослободување од турското ропство. Папата му ветил и пари и војска ако преминеме во католицизам. Владиката не прифатил бидејќи и тој сакал да биде папа на Балканот. И, еве сме каде што сме. А каде би биле ако успеело тоа. Ништо од ова што ни се случува денес не би било, а Македонија би била во своите етнички граници. Единствени губитници би биле 12-те владици и 200-те попови.

Пишува: Благоја Филиповски-Бојанче (од рубриката писма на Нова Македонија)

Коментар(3)

  1. Напишано без никаков контекст и без никаква цел … односно спротивно на било каков допринос кон било што … целосно без врска … секој со молив, може да пишува то сака … иначе да владиката се викал Атанасиј … ако незнаете или мислите, неможе да пишувате …

  2. Tочно и убаво напишано ако продолжат со ваквиот однос РПЦ и СПЦ ќе постигнат само уште поголемо разединуванје на православните цркви ништо друго.

Напиши одговор на m Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *