Православен верски календар за денеска

Date:

Share post:

Верски календар: 29 февруари

МПЦ-ОА/ Св. маченици Памфил, Порфириј и други.

На овој ден, за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната вера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив, т.е. презвитерот Памфил, учен човек, залужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле, беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или откриено ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина – љубовта за Христа, заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img