
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, неколку дена пред изборот лично побарал благослов од православен свештеник за успех на изборите.
Грчкиот интернет портал Ромфеа, објави и фотографија од настанот што се случил во локалниот грчки манастир во Кеене во Њу Хемшир, каде Трамп бил на предизборен митинг.
По говорот Доналд Трамп се сретнал отец Емануел Леменос од кого лично побарал благослов пред финалниот избор на 8 неомври.
На фотографијата се гледа како Отец Емануел со десната рака го благословува, сега веќе новиот претседател на САД.
Воедно грчкиот свештеник му честитал на Трамп за неговите ставови за абортусот, нагласувајќи дека тие ставови се во согласност со оние на Црквата.
Отец Емануел, за Трамп зборувал како за интелигентен и способен лидер кој може да донесе позитивни промени во Америка.