Почетна Коментар Правецот е трасиран, продолжуваме со Вас заедно
Правецот е трасиран, продолжуваме со Вас заедно

Правецот е трасиран, продолжуваме со Вас заедно

185
0

Почитувани,

Религија.мк, изминативе неколку денови не беше во полна функционалност со објавување на нови информативни содржини, на кои вие бевте навикнати во изминативе 15 месеци, колку што на македонскиот медиумски простор постои првиот и засега единствен информативен сајт за религиски теми. Причината беше потребата од надградба на платформата со цел да се постигне техничко ниво за поддршка на посетите кои имаат огромна нагорна линија, благодарение на  вашиот интерес за читање на содржините на сајтот, на што сме ви исклучително благодарни.

Од денеска Религија.мк се враќа во секојдневниот ритам со најнови, значајни и интересни содржини поврзани со религијата во Македонија, но и во светот.

За 15 месеци, Религија.мк стана препознатлив медиумски бренд, која ја постигнува основната цел и мисија, а тоа е поттикнување на комуникација меѓу различните религии во Македонија.

Со почит

Марјан Николовски, главен и одговорен уредник

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *