Почетна Вести Европа Познат православен теолог уапсен во Белорусија заради „антируски“ изјави
Познат православен теолог уапсен во Белорусија заради „антируски“ изјави

Познат православен теолог уапсен во Белорусија заради „антируски“ изјави

207
0

Притисоците во Белорусија и репресиите против оние кои не се согласуваат со војната против Украина, земаат сѐ поголем замав и ги опфаќаат сите слоеви на општеството – интелектуалци, општествени работници, христијани од сите деноминации. Репресиите имаат за цел да разбудат страв и да ја пресечат секоја критика против режимот на Лукашенко и политиката на Путин. Тоа се прави со масовни апсења на луѓе, кои го објавиле својот став во социјалните мрежи или на други јавни места. Повеќето уапсени се пуштени после „воспитниот разговор“ во полицијата, а еден дел остануваат во „административен затвор“. Од јавните личности се бара јавно покајание за искажаните ставови. За оние коишто ќе одбијат, „административниот затвор“ продолжува во недоглед. Таков е, на пример, случајот со протоерејот Владислав Богомолников, кој пред неколку дена го доби шестото по ред продолжување на својот петнаесет дневен затвор. Свештеникот кој беше член на епархискиот суд на Минската епархија и професор по философија во Минската духовна академија, одбива јавно да се покае за своите гледишта.

Силен одек направи полициската акција при крајот на октомври во Белоруската академија на науките, каде што се спроведоа масовни приведувања и претреси. Генерално биле приведени над 40 службеници, вклучително и член на претседателството на Академијата на науките.

На 10 ноември беше уапсен и еден од попопуларните православни теолози во Белорусија – Олег Нагорни, со обвинение за наводно „разгорување на омраза против Русите“ и „ширење на фашистичка симболика“. Една недела по приведувањето, во таканаречениот „Телеграм“ – канал, којшто е под контрола на власта, беше објавено неговото видео, во кое тој многу лошо изгледа и признава дека објавувал „фашистичка симболика“, и покрај тоа што тој е редовен критичар на тоталитаристичките идеологии.

Олег Нагорни е на возраст од 41 година и е еден од најпознатите проучувачи на сектите во Белорусија, автор на онлајн страници, учесник во повеќето настани и форуми во земјата во последните 10 години.

Уште од самиот почеток на војната во Украина, Нагорни ја осуди руската агресија, а во осмиот ден од нејзиното започнување, напиша отворено писмо до познатиот православен професор Алексеј Осипов кој го поддржа Путин, со следниве зборови: „Поддржувајќи ја воената инвазија во Украина, православните Христијани од Русија и Белорусија ги предаваат своите украински браќа и сестри во Христа… ми се чини дека Христијанинот не може да ја оправда неморалната, престапна и вооружена ‘превентивна’ агресија против друга суверена држава, особено придружена со воени престапи и убиства на цивили, дури и во интерес на заздравувањето на нивната држава. А вие?“

Во своите објави Олег Нагорни ја критикува и црковната политика на Патријархот Кирил, кој ја поддржа војната.

Главната управа за борба со организираниот криминал во Белорусија предлага да бидат проверени неговите објави за „разгорување на омраза против Русите“ и за започнување на кривично дело против него.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *