Почетна Вести Христијанство Познат бугарски историчар – БПЦ има долг да и помогне на МПЦ
Познат бугарски историчар – БПЦ има долг да и помогне на МПЦ

Познат бугарски историчар – БПЦ има долг да и помогне на МПЦ

169
0

Познатиот бугарски историчар, Милкана Бошнакова, потсетувајќи на 73-годишнината од подигнувањето на шизмата од Бугарската православна црква, во своја статија за информациската агенција БГНЕС, дава краток историски осврт за формирањето на Егзархијата, 73-годишната шизма од страна на Вселенската патријаршија и најпосле – признавањето на независноста на БПЦ.

Притоа, навраќајќи се на времето од шизмата, Бошнакова подвлекува дека како што Бугарската православна црква некогаш се наоѓала во состојба на изолација, така денес и Македонската православна црква – Охридска архиепископија е изолирана од целиот православен свет. Затоа, БПЦ сега треба да ѝ помогне на МПЦ-ОА.

Писмото со кое архиереите на МПЦ-ОА се обрнаа кон БПЦ, готови да ја признаат за црква-мајка доколку таа работи за нејзиното признавање и од останатите цркви, „предизвика во бугарското општество бран од поткрепа кон Македонската црква. Тешко решение ќе треба да земе Светиот синод на БПЦ и затоа има потреба од поткрепа. Важно е дека БПЦ го прими тој потфат за свој долг. Така изјави за тој повод и Бугарскиот патријарх Неофит: „Кога треба да го исполниме долгот, ќе го направиме тоа“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *