Почетна Вести Христијанство Поздравено подигањето на егзархатот во Епархија
Поздравено подигањето на егзархатот во Епархија

Поздравено подигањето на егзархатот во Епархија

100
0

Воздигнувањето на Апостолскиот егзархат на Католичката црква во Македонија во Епархија го поздрави и Комисијата за верски заедници и религиозни групи.

Директорот Даријан Сотировски испратил честитки до Бискупот Стојанов, кој во иднина ќе ја има и титулата на Епарх скопски и Струмички, за верниците од византиски обред на Католичката црква.

Со голема радост го примивме Вашето известување дека на 31 мај 2018 година од страна на светиот Отец папа Франциск досегашниот Апостолски егзархат во Македонија е воздигнат во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“. По тој повод, дозволете од името на македонските граѓани и од мое лично име да Ви го честитам воздигнувањето на досегашниот Егзархат во Епархија и истото така именувањето на монс. д-р Киро Стојанов за Епарх на новата Епархија. Ова воздигнување е од особено значење, интерес и чест на Католичката црква во Република Македонија. Честитајќи Ви го оваа големо воздигнување, на почитуваниот Епарх и на верниците на Епархијата им посакуваме во иднина успешен и долг духовен живот поминат во мир и хармонија, сведочејќи на тој начин за непроценливите евангелски вредности и допринесувајќи за почитување на неотиѓивото човечко достоинство, стои во честитката од директорот на КОВЗРГ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *