Почетна Вести Регион Пожар во Катедралата во Корча по богослужбата на која бил и претседателот Мета
Пожар во Катедралата во Корча по богослужбата на која бил и претседателот Мета

Пожар во Катедралата во Корча по богослужбата на која бил и претседателот Мета

232
0

Во православната катедрала во Корча „Воскресение Христово“, која се наоѓа во центарот на овој албански град, избувнал пожар веднаш по одржаната богослужба на која присуствувал и претседателот на Албанија, Илир Мета.

Според албанските медиуми, пожарот се појавил во влезот на црквата, на местото каде што се палат свеќи. Веднаш интервенирала и противпожарната единица, која спречила проширување на огнот.

Претседателот Мета во Корча присуствувал и на фрлањето на осветениот крст. Православните албански граѓани повеќе години наназад верските празници ги одбележуваат според Грегоријанскиот календар и денес тие го одбележаа празникот Водици.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *