Почетна Вести Повторено судови во Австралија, овој пат кој да ги плати милионските трошоци за адвокати
Повторено судови во Австралија, овој пат кој да ги плати милионските трошоци за адвокати

Повторено судови во Австралија, овој пат кој да ги плати милионските трошоци за адвокати

351
3

Суските спорови за црквата Света Петка во Рогдејл во Австралија никако да прекинат. Откако со децении се тужеа Владиката г. Петар и црковната управа за сопственоста и за тоа кој да управува со црквата, сега ќе се тужат кој да ги плати милионските судски и адвокатски трошоци.

-Адвокатите работеа и го бранеа владиката Петар, бидејќи тој ги ангажира како правни лица во судското рочиште што го покрена против Св. Петка, верниците и управата. Дваесет години говори дека неговите адвокати работаат без пари. Ако сега  адвокатите бараат, пари значи владиката лажел во претходните изјави. Адвокатите кои Св. Петка ги ангажира треба таа да си ги плати без разлика колку рочишта се добиени или изгубени. Управата на Св. Петка верува дека има добиено повеќе рочишта, а страната на владиката Петар треба да и плати на Св. Петка, а не на адвокатите на Св. Петка. За адвокатските трошоци одговара страната која ги ангажирала, велат од црковната општина Света Петка.

Но и пресметката за тоа кој колку точно должи ќе значи илјадници долари, бидејќи како што тврдат од управата на црквата треба да се ангажираат неколку адвокати чија специјалност е пресметки  на судските трошоци.

-Според нашите адвокати, минимално само нашата страна би ја чинело околу 500.000 илјади долари, само за пресметките. А самиот процес би траел околу две години, до колку не се јават и други непредвидени работи, а што е вообичаено. Се работи само од наша страна за околу двесте (200) кутии со судски материјали и сметки кои треба да се прегледаат, евидентираат и да се пресмета дали  дотичните (наши) адвокати за извршената работа во досегашниот судски процес наплатиле точно колку што треба по предвидената тарифа  или пак повеќе? А владиката Петар кој знае колку кутии наполнил со фалсификати, велат од управата на Света Петка.

Овој спор, меѓу Владиката г. Петар и црковната управа имал дури 92 рочишта за кои судиите донеле пресуда, и која страна треба да ги плати трошоците. Секое рочиште имало и различна цена.

 

Коментар(3)

  1. Petar Karevski e vladika na Prespansko-Pelagoniskata eparhija. Toj ja vrsi funkcijata administrator vo Avstralija poveke od 20 god. Toj si zema sopstveno pravo da vrsi funkcija na vladika vo druga eparhija kade gazduva so narodniot imot. Kako administrator si zema redovna plata od 5000$(3336.50 evra)mesecno samo vo Avstralija.Kleveti, sudi i tuzi vernici i rasprodava naroden imot bez nikakvo odobrenie od svetiot Sinod.
    Gospoda vladici od Svetiot Sinod , vasiot ugled odi vo nadolna linija bidejki vie “site” mu dopustivte na petar da ja raznebituva makedonskata zaednica vo Avstralija.

  2. Aj sto treba da se plati smetkata pa nikoj nemase doblest da kaze:”kriv si brate Petre dosta ti e Avstralija sedi si vo Prespansko pelagoniska eparhija i baraj proska od site na koj i nanese steta”
    Taman pomislivme deka dedo Petre ke go povlece Sinodot od Avstralija se izlazavme.Mu dade abolicija i pak isto se vrtime vo eden imaginaren krug od koj izlez nema.
    Koj ima usi neka slusne koj ima oci neka vidi…..

  3. Na Petar nikoj ne može da mu kaže “dosta ti e brate Petre” bidejki site si imaat puter na glava0

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *