Поволните историски моменти не траат долго, ако не се искористат – пропаѓаат

Date:

Share post:

„Сиромасите секогаш ги имате со вас, и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.“ Оваа реченица Христова го отвoра прашањето дали го препознаваме времето кога сме посетени од Него и, следoвателно, дали правилно се однесуваме во тој момент на лично, семејно, општествено и, посебно, на црковно ниво.

На лично ниво, и присуството на благодатта и отсуството на благодатта заедно со сите последици: радост или тага, среќа или несреќа, успех или неуспех, здравје или болест итн., се Негови посети. Дали ги препознаваме овие моменти на посета и дали соодветно се однесуваме е клучно за нашиот духовен развој.

Еден од најважните моменти во нашиот живот е и нашиот однос кон монашкиот повик – каков ќе биде нашиот одѕив на тој повик. Правилното однесување на лично ниво ни помага правилно да се однесуваме и на останатите нивоа. Нема подобар показател за правилно однесување на лично ниво кон Божјата посета од основање духовно функционално семејство или друга потесна заедница – како што е манастирот. Духовно функционална потесна заедница е вистински дар Божји, затоа што, колку и да е некој свет, ако нема искрена желба за покајание и подвиг од останатите членови под негово духовно раководство, ќе нема и напредок.

За да се покрене, пак, општеството во вистински правец, тука е потребна голема светост; но повторно е под голем знак прашање дали и тогаш може нешто да се направи. Ако не се постигне нешто и покрај присуството на големата светост, тогаш тоа ќе биде знак на големо пропаѓање.

Главен индикатор на состојбата во државата е состојбата во Црквата. Црквата е посебна и долга приказна, но на пример, многу добро би било кога и луѓето што раководат со Црквата би го препознале моментот на Господовата посета и би ѝ обезбедиле на Помесната црква автокефалност, призната и потврдена од сите други Помесни цркви. Поволните историски моменти не траат долго, ако не се искористат – пропаѓаат. Следната понуда е најчесто полоша од претходната; следната посета најчесто се случува во покомплицирани услови и ќе треба да се вложат поголеми усилби и жртви за да се постигне целта. На крајот може и сѐ да се изгуби.

Единственото нешто што сигурно не може да се изгуби е остварениот личен однос со Бог.“

Пишува: Наум Струмички

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите...

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...