Почетна Вести Повик до умерените муслимани во борбата против исламскиот фундаментализам
Повик до умерените муслимани во борбата против исламскиот фундаментализам

Повик до умерените муслимани во борбата против исламскиот фундаментализам

61
0

Властите во Пакистан успеале на мирен начин да го решат протестот на исламските фундаменталисти во Исламабад, кои четири дена барале смртна казна за Асија Биби, христијанка и мајка на пет деца, која е во затвор од 2009 година поради неправдана осуда за богохулење.

За Радио Ватикан, зборува отецот Бруно Цервелера, уредник на новинската агенција „АзиаЊуз“, кој смета дека владата во Пакистан треба од зборови да премине на дела.

dopisnik– Борбата против фундаменталистите треба да се води на воена и на културна област. Уапсени се пет илјади фундаменталисти, а талибанците во Пакистан отвориле 20 илјади исламски училишта – рекол отецот.

Според него, ако секое училиште има илјади студенти лесно е да се пресмета колкав е бројот на фундаменталистите.

– Треба да се пронајдат тие исламски школи, да се види што се проучува во нив, да се проверат книгите и текстовите и така да се утврди што се проучува во џамиите. Дури и на државните телевизии некои го величаат фундаментализмот. Ако на сите подрачја не се води борба против нив, тогаш на фундаментализмот нема да му ставиме крај – потенцираше отецот.

На забелешката дека тој и заменик претседателот на Европскиот парламент Антонио Тијани ги повикал умерените муслимани да помогнат во ублажување на казната на Асија Биби, отец Бруно изјавил дека исламскиот фундаментализам не е елемент на сеопштиот вистински ислам.

– Поголемиот број од исламистите велат дека фундаментализмот не е вистински ислам, односно дека тие немаат никаква врска со него – заклучил отецот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *