Почетна Вести Христијанство Повардарската епархија воведе нови правила – за фотографирање пред или во црква 500 или 1.500 денари
Повардарската епархија воведе нови правила – за фотографирање пред или во црква 500 или 1.500 денари

Повардарската епархија воведе нови правила – за фотографирање пред или во црква 500 или 1.500 денари

740
0

Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање – 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата, пишува МКД.МК.

Тоа веќе се спроведува во Велес. Сите фото студија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех.

Еден од сопствениците на фото студијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“. Во спротивно, како што пишува МКД.МК, Владиката им рекол дека црквата ќе распишела тендер за фотографирање во црква и само едно студио ќе го има ексклузивното право да ги фотографира крштевките и венчавките во Повардарската епархија.

Фотографите сега предлагаат бојкот од сите граѓани на црковните крштевки и венчавки.

Според тарифникот на епархијата, за крштевка се плаќа 3.000 денари, за венчавка со еден свештеник се плаќа 3.500 денари, а за присуство на тројца свештеници 5.000 денари. Сега има и нова тарифа – 500 или 1.500 денари за фотографирање.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *