Повардарската епархија се вклучи во подготовка на храна за настраданите во поплавите
483
0
Повардарската митрополија, со која раководи Владиката г. Агатангел се вклучи во подготовките на топли оброци за настраданите во поплавите во скопско. Со благослов на Неговото високопреосвештенство, митрополитот Повардарски, г. Агатангел, оваа епархија подготвува храна и ја дистрибуира до настраданите.
На празникот Преображение, оброкот бил подготвен во Македонската православна богословија и поделен во с. Стајковци.
Паралелно црковната кујна при храмот “Свети апостоли Петар и Павле” – Ѓорче Петров исто така продолжува со секојдневна подготовка на 200 топли оброци. Исто така продолжува и донацијата на хигиенски средства, од верниците при храмот “Свети Николај Чудотворец” – Аеродром.