Почетна Коментар Потребното…
Потребното…

Потребното…

300
0

Денеска ние со чиста вера просто без многу да размислуваме да го возљубиме Богоначалникот Христос и да се препуштиме на неговата света воља. Ние, треба да си ги упростуваме животите и да му оставиме простор на Господа да ни помага. Тој не возљубил бескрајно и не постои грев што не може да се прости, само не покајниот грев е не опростен.

Господ му простува на оној кој се кае и со љубов го прима во својата прегратка, како таткото што го примил блудниот син. Да не се врзуваме само со разни правила и да стануваме робови на нив, а притоа да ја забораваме суштината. Туку, просто како нашите предци, како луѓе кои не умуваат, не зборуваат напразно за верата, како оние кои останале уште малку по нашите села, да ги земеме трудот и желбата кон Господа како водилка. Цврсто да се држиме за нив и да си ги исполнуваме нашите останати секојдневни обврски, се додека не преминеме во вечното пребивалиште каде вечно ќе се напојуваме од рајските убавини.

Христос е ист вчера и денес затоа сите што сакаат да го запознаат можат тоа да го направат. Љубов браќа има во Господа, неопислива радост затоа молете му се сите, само немојте да мислите дека подвигот на молитвата е некоја тешка и замрсена работа. Кога е гладно, детето оди и ѝ вели на мајката: „Дај ми леб“. Му треба ли за тоа остроумност и спретност? Така е и со молитвата кон Бог. Доверувај Му ја секогаш својата потреба на Господ, во простотата на срцето вели Свети Теофан Затвореник. Бог дава на сите и на мирјаните и на монасите, таа капка благодат е неописливо задоволство, тогаш душите се исполнуваат со бескрајна љубов кон Бога, и сите луѓе, и единствено што сакаш е да се насладуваш.  Оо Христе тајно на животот, Ти кој ги просветлуваш луѓето, и им даваш насока да чекорат по вистината, Ти кој си дал се на човекот, убавино на душите, радост на покајниците, без тебе не можеме ништо. Бидејќи Ти знаеш се и си насекаде, секоја тајна и секоја сокриена работа Бог ја знае и нема ништо сокриено од Бога, и поарно е сега пред еден човек хирург да си ги излечиме душите да си ги кажеме гревовите, односно болестите каде што тоа ќе биде тајно и ќе знае само единиот Бог, и оној на кој се исповедувате, а тоа може да биде некој свештеник, јеромонах, игумен или епископ само тие што имаат свештенички чин. Бидејќи Бог само на нив им дал за право да читаат разрешителна молитва, со која се покрива се и човекот станува чист сад во кој може да се влева чиста вода.

Со покајанието човек доживува повторно крштение, повторно се раѓа. Апостол Петар со своето одрекување на некој начин Го предава Христос, но откако ,,заплака горко“ (Лука 22,61), доби простување за свотој пад.Значи искреното покајание што го има во себе повторно го исчистува..Гледаш Бог прво ја создал земјата, морето, целата творевина, па дури потоа од прав земен го создал човекот. Човекот прво се раѓа телесно а дури потоа на крштението, духовно се препородува, од Божји твари, со вода и со Светиот Дух со Божјата благодат ,, од вода и Дух” (Јован 3.5). Како што змијата извлечена од темната дупка на светолост се обидува да побегне и да се сокрие, така и лошите помисли кога ќе бидат откриени со отворено признание и исповед, се трудат да побегнат од човекот ава Мојсеј. Христос се вознесе писмото се исполни Богочовекот пак не не остава нас сами и по десет дена ни се испраќа Духот Свети. Тогаш црквата тоа го слави како роденден, но многу битно е да сфатиме дека црквата сме ние луѓето внатре во неа, нашата внатрешност претставува храм Божји и затоа чувајте си ги душите бидеќи се скапи и нема ништо повредно во овој живот од една човечка душа, оти е искупена по најскапа цена – со Крвта на нашиот Господ Исус Христос.

А ние, драги мои, имајќи ја оваа драгоценост, не умееме да ја цениме. Ако секој од нас погледне во својата душа, ќе ја пронајде таму прародителската гордост, неверитето и неблагодарноста. По тајната на крштението, нашата душа станува светла, убава, исполента со љубов, но ние ја замрачуваме со нашите пороци, ја покриваме со мрак и смрдеа.

Нека не умудрува Бог, нека ни дава сили да се каеме и да не учи на смирение, а ние постојано да се трудиме. Амин.

Пишува: Александар Тимчевски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *