Почетна Интервју Последна руска порака: Ако се одржи, Соборот неизбежно ќе доведе до поделби
Последна руска порака: Ако се одржи, Соборот неизбежно ќе доведе до поделби

Последна руска порака: Ако се одржи, Соборот неизбежно ќе доведе до поделби

2.38K
0

Шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Иларион Алфеев, преку грчкиот интернет сајт Ромфеа, му испрати уште една, веројатно последна предупредувачка порака на Вселенскиот патријарх, Вартоломеј да се откаже од намерата за свикување на Соборот закажан за следната недела на Крит.

Алфеев го предупредува Вселенскиот Патријарх дека сепак ако Соборот биде свикан тој нема да се смета за сеправославен, но ниту и за Свет и Велики и јасно потенцира дека неговите одлуки ќе бидат неважечки, како за руската, така и за сите православни цркви кои нема да учествуваат на него.

-Таков Собор ќе доведе неизбежно до поделба, бидејќи која и да се донесе одлука таа нема да биде прифатена од оние помесни цркви, кои не учествуваат во Соборот. Се надевам Светиот патријарх Вартоломеј ќе ја покаже мудроста која го одликува, смирението и ладнокрвноста, вели Алфеев.

Ilarion alfeevТој го повторува единствениот аргумент на Московската патријаршија против Соборот, а тоа е неучеството на најмалку четири цркви.

Митрополитот Иларион тврди дека одлуката на Московската патријаршија во никој случај не е израз на влошени односи со Константинопол и ги потенцира своите спомени од првата посета на Патријархот Кирил во Фанар, како “пријателските разговори на двајцата поглавари  и високо ниво на меѓусебна доверба, што брзо се разви меѓу нив”.

Иста одлична атмосфера имало и за време на возвратната посета на Патријархот Вартоломеј во Русија.

Шефот на руската црковна дипломатија вели дека до последен момент од подготвителниот период со Цариградската патријаршија имале конструктивни соработка за подготовка на Светиот и Велики Собор.

Ilarion alfeev  2На прашањето дали нема контрадикторност во позицијата на Руската црква, која ги одобри сите документи за Соборот и најактивно учествуваше во нивната изработка, а неколку дена пред Соборот се приклучи на групата Цркви кои одбиваат да учествуваат заради овие текстови, Митрополитот Иларион одговара:

-Православната Црква на Русија придонесе многу за успешно свикување на Соборот, Архиерејскиот ни Собор ги потпиша речиси сите проект-текстови, а постојаниот св. Синод одлучи да испрати свои претставници. Нас сепак не загрижуваат состојбите кои се појавија во предсоборниот период како тенденции за поделба во семејството на помесните Православни цркви, што би можело да се одрази негативно на самиот Собор, бидејќи сите одлуки треба да се донесат со единогласие, вели за Ромфеа, Иларион Алфеев.

Потенцира дека првиот проблематичен сигнал дошол од Антиохиската црква, која не ги потпиша решенијата на свикување на Соборот и неговиот деловник за работа во Шамбези, но како што вели Алфеев, добиле уверување дека порано или подоцна Антиохиската Црква ќе ги потпише  решенијата и така ќе се отвори патот кон нормалното свикување на Соборот.

-Минуваа недели и месеци, но ништо не се промени. Сеправославниот секретаријат се занимаваше со технички прашања и темите покренати од Антиохиската црква, на крајот не беа решени. Потоа, во последниве недели, помесните Православни Цркви, една по друга почнаа да најавуваат неучество во Соборот. Прво тоа го направи Бугарската црква, па Антиохиската и потоа Грузиската. Штом во Москва разбравме за најавата на Бугарската црква, веднаш беше свикан св. Синод да разговара за создадената положба, бидејќи за прв пат свикувањето на Соборот беше пред реална закана”, потенцира Митрополитот Алфеев, кој смета дека Руската црква не гледа друго решение, освен одложување во една ваква ситуација во која се најде Православната црква, како што вели „не по наша вина”.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *