Почетна Анализа Послание од Светиот и Велик Собор на Православната Црква
Послание од Светиот и Велик Собор на Православната Црква

Послание од Светиот и Велик Собор на Православната Црква

503
1

До православните луѓе и секој човек со добра волја , ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ

Го фалиме и славиме Бог „на милоста и секоја утеха“, што нè удостои да се собереме во неделата на Педесетница (18-26 јуни, 2016 г.) на островот Крит, каде што апостол Павле и неговиот ученик Тит го проповедале Евангелието во првите години од животот на Црквата. Му благодариме на Бога во Троица, што благоволи да ја завршиме еднодушно работата на Светиот и Велик Православен Собор, свикан од Вселенскиот Патријарх Кир Вартоломеј во единомислие со Претставниците на Помесните Православни Автокефални Цркви.

sobor 1Верно следејќи го примерот на Апостолите и Богоносните Отци, ние повторно се задлабочивме во Евангелието на слободата, „која ни ја дарува Христос“ (Гал. 5, 1). Основа на нашите богословски разговори беше увереноста во тоа, дека Црквата не живее за себе. Таа го носи сведоштвото на Евангелието на благодатта и вистината, и му ги предлага на сиот свет даровите Божји: љубовта, мирот, справедливоста, помирувањето, силата на Крстот и Воскресението и очекувањето на вечноста.

  1. Главен приоритет на Светиот и Велик собор беше провозгласувањето на единството на Православната Црква. Потпирајќи се на Божествената Евхаристија и апостолското преемство на Епископите, постојното единство треба да се зацврстува и да принесува нови плодови. Едната Света Соборна и Апостолска Црква претставува Богочовечки организам, предвкус и доживување на последните реалии во Божествената Евхаристија. Како непрестајна Педесетница, таа е незамолчлив пророчки глас, присуство и сведоштво на Царството на Божјата љубов.

Верна на последователната апостолска традиција и таинствениот опит, Православната Црква претставува вистински преемник на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, каква што се исповеда во Символот на верата и се потврдува во учењето на Отците на Црквата. Нашата Црква ја доживува тајната на Божествената икономија во таинствениот живот, сосредоточен во Евхаристијата.

zaednicka fotografijaПравославната Црква го изразува своето единство и соборност во Соборот. Соборноста ја определува организацијата, примањето на решенија, и изборот на својот пат. Помесните Православни Цркви не се конфедерација на Цркви, но Една Света Соборна и Апостолска Црква. Секоја Помесна Црква, каде што се служи Евхаристија, го претставува присуството во тоа место и ја изразува Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Во православната дијаспора, во различни држави од светот било решено да се продолжи работата на Епископските собранија, додека не се појави можност за применување на канонска акривија. Тие собранија се состојат од канонски Епископи, кои се назначени од секоја автокефална Црква и ѝ се потчинуваат. Искоординираното функционирање на Епископските Собранија го гарантира запазувањето на принципот на православната соборност.

За време на својата работа, Светиот и Велик Собор ја потцрта важноста на собранијата на Претстојателите, кои веќе се одржаа, и направи предлог Светиот и Велик Собор да се воспостави како институт кој ќе дејствува редовно.

  1. Учествувајќи во Божествената Евхаристија и молејќи се за Вселената, ние треба да ја продолжуваме литургијата после Божествената Литургија и да го носиме сведоштвото на верата на ближните и далечните, според јасната заповед на Господа пред Неговото Вознесение: „И ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, до краиштата на земјата“ (Дела, 1, 8). Реевангелизацијата на народот Божји во современите секуларни општества и евангелизацијата на оние, кои до сега не Го познале Христа, е вечен долг на Црквата.
  2. Нашата Црква, одговарајќи на својот долг за сведоштво на вистината и својата апостолска вера, дава големо значење на дијалогот, воглавно со инославните христијани. Така, останатиот христијански свет подлабоко ја запозна автентичноста на Православното Предание, вредноста на светоотечките учења, литургискиот опит и верата на Православните. Дијалозите, кои ги води Православната Црква, никогаш не подразбираат компромиси во прашањата на верата.
  3. Појавата на фундаментализмот, кој се гледа во разни религии, претставува израз на болна религиозност. Трезвениот меѓурелигиозен дијалог внесува значителен влог во развојот на взаемната доверба, мир и помирување. Елејот на религиозниот опит треба да се користи за лекување на раните, а не за распалување на огнот на воени конфликти. Православната Црква решително ја осудува експанзијата на военото насилство, гонењата, прогоните и убиствата на разни претставници на религиозните малцинства, принудувањето за менување на верата, трговијата со бегалци, киднапирањето луѓе, измачувањата и монструозните казни. Таа го осудува рушењето на храмовите, религиозните симболи и спомениците на културата. Црквата особено е загрижена за положбата на христијаните и другите гонети етнички и религиозни малцинства на Блискиот Исток и во другите региони. Таа се обраќа кон Меѓународната заедница со призив да ги заштити локалните Православни и други христијани, а исто и другите групи на населенија од овој регион, кои имаат неотуѓиво право да останат во нивната татковина како рамноправни граѓани. Нашиот Собор ги повикува сите страни неодложно да приложат систематизирани напори за прекратување на воените конфликти на Блискиот Исток, каде што продолжуваат воените судири, и да помогнат во враќањето на изгонетите во татковината.

Главно, се обраќаме кон силните на овој свет, за да го помогнат зацарувањето на мирот и справедливоста во татковината на бегалците. Ги повикуваме политичките власти, граѓаните и православните земји, да продолжат да пружаат помош, како од своите остатоци, така и од последните средства.

  1. Современата секуларизација си поставува за цел отуѓување на човекот од Христа и духовното влијание на Црквата, неоправдано поистоветувајќи ја со конзерватизмот. Сепак, западната цивилизација носи неизбришливи траги од неминливиот придонес на христијанството. Уште повеќе, Црквата како сфера и начин на живот во слобода го објавува спасителното значење на Богочовекот и Неговото Тело.
  2. Во својот современ пристап кон бракот, Православната Црква го смета за неразрушлив сојузот на мажот и жената во љубовта, „тајна голема… во однос кон Христос и Црквата“. Така, таа го нарекува семејството „мала Црква“. Произлегувајќи од бракот, семејството претставува единствена гаранција за воспитувањето на децата.

Црквата постојано го потцртува значењето на воздржанието. Христијанската аскеза кардинално се разликува од секој дуалистички аскетизам, кој го одделува човекот од општеството и ближниот. Напротив, таа го сврзува за таинствениот живот на Црквата. Воздржанието не се однесува само на монашкиот живот. Аскетскиот етос е карактерен за христијанскиот живот во сите негови пројави.

***

Светиот и Велик Собор, покрај конкретните теми, за кои што беа донесени решенија, искажува кратки забелешки и за следните онтолошки и актуелни современи проблеми:

  1. Што се однесува на прашањето за односот на христијанската вера кон природните науки, Православната Црква не се стреми да ги земе под своја контрола научните истражувања и не изнесува суд за секој научен проблем. Црквата Му благодари на Бога, Кој ги надарил научниците со дарот да откриваат ги откриваат непознатите хоризонти на Божјата твар. Современиотразвој на природните науки и технологии доведе до радикални промени во нашиот живот. Тие принесуваат значајна полза, олеснувајќи го нашиот секојдневен живот, помагаат во лекувањето на тешки болести, ги упростуваат комуникациите меѓу луѓето, го помагаат истражувањето на космосот и др. Сепак, тие исто така имаат и редица негативни последици, како манипулацијата со слободата, постепеното разрушување и негирање на вредните традиции, уништување на средината која не опкружува, оспорување на моралните вредности. Научното знаење, колку брзо и да се развива, не ја стимулира волјата на човекот и не дава одговор на сериозните етички и животни прашања, не го олеснува барањето на смислата на животот и мирот. Тие бараат духовен пристап, кого Црквата се обидува да ѝ го предложи на биоетиката, основана на христијанската етика и светоотечкото учење. Заедно со почитувањето на слободата на научното истражување, Православната Црква ги потцртува и опасностите, кои се кријат во некои научни откритија, обрнувајќи внимание на достоинството на човекот и неговата божествена предназначеност.
  2. Современатаеколошка криза се појави од духовни и етички причини. Нејзините корени се поврзани со алчноста, лакомоста и егоизмот, што приведува до нерационално искористување на природните ресурси, загадување на атмосферата со штетни отпадоци и ефектот на стаклената градина. Христијанскиот пристап за решавањето на овој проблем, бара од човекот покајание во злоупотребувањето на природата, воздржание и аскетски етос, кој претставува противотров на прекумерната потрошувачка, и истовремено култивира во човекот свест, дека тој е само „управник на домот“, а не сопственик на тварта. Црквата не престанува да потенцира дека идното поколение има право да ги поседува природните блага, кои ни ги доверил Творецот. Од таа причина, Православната Црква активно учествува во различни меѓународни напори во областа на екологијата и го прогласи 1 септември за ден на молитва за зачувување на природната средина.
  3. Спротивставувајќи се на поистоветувачката и обезличувачка хомогенизација, спроведувана на разни начини, Православието провозгласувапочит кон самобитноста на луѓето и народите. Тоа истапова против независноста на економијата од основните потреби на човекот и нејзиното претворање во самоцел. Прогресот на човечкиот род не е поврзан само со повишувањето на животниот стандард и економскиот развој на штета на духовните вредности.
  4. Православната Црква не се вмешува вополитиката. Нејзиното слово останува расудувачко и пророчко, како потребно вмешување за доброто на човекот. Правата на човекот во овој момент се наоѓаат во центарот на вниманието на политиката како одговор на современите социјални и политички кризи и потреси, ставајќи ја за цел заштитата на граѓаните од произволноста на државите. Нашата Црква ја забележува обврската и одговорноста на христијаните, а исто така, неопходноста од постојаната самокритика на политичарите и граѓаните за суштинско подобрување на општеството. Црквата, главно потенцира, дека православниот идеал на човекот ги надминува рамките на востановените човечки права и дека „над сè“ е љубовта, која ни ја открил Христос и со која што живееле Неговите верни следбеници. Освен тоа, таа настојува на тоа, дека основно право е заштитата на религиозната слобода, која ја вклучува слободата на совеста, верата, начинот на обожување, како и сите изрази на религиозна слобода, било на лично или општествено ниво, како и право на секој верник слободно да го практикува, без мешање од страна на власта, исполнувањето на своите религиозни обврски, јавно пренесување на религијата и услови за функционирање на религиозните општини.
  5. Православната Црква се обраќакон младината, која бара полноценет живот, исполнет со слобода, правда, креативност и љубов. Таа ја повикува свесно да се соедини со Црквата на Оној, Кој е Вистина и Живот, за доаѓајќи во црква, да може да ги примени своите сили, да ги сподели своите тревоги, грижи и очекувања. Младината не е само иднината на Црквата, но и енергичната и творечка сегашност на локално и вселенско ниво.
  6. Светиот и Велик Собор откринови хоризонти во современата многуобразна вселена. Тој ја потенцираше нашата одговорност во просторот и времето во перспектива на вечноста. Православната Црква, запазувајќи го недобрен својот таинствен и сотириолошки карактер, е чувствителна кон болката, тревогата и призивот на народите за справедливост и мир. Таа благовести „ благовестeте го од ден на ден спасението од Него; разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови; (Пс. 95, 1).

Да се помолиме, „Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исуса Христа, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин!“

/ПРЕВОД: Преспанско-пелагониска епархија

Коментар(1)

  1. kako prvo osnovno i najvazno Crkvata e Xristova a ne Apostolska vidi Acts 20;28, Gospod nikogo ne postavi za episkop toj priznava samo Svestenici i Leviti i blazeni se tie odbrani Svestenici sto ke sluzat vo Vecniot Svet Hram Bozji a tie sto ja privatiziraa i ja usvojia go obraa bostanot nedozrean za toa vklucuvajki gi i site tie so casovnicite obeseni na vratovite vo koi nema ni zrnce sol vnarte i sto go prekrsija zakonot bozji daden vo 4 Kniga Mojseeva 8:23-25 eve sto dobija za vozvrat vidi vo Malaxija 2:2 potamy isto go prekrsija vo Matthew 23:8-10. 1 Peter 2:25 / 5:1, etc. i sto ne ja priznavaat Majkata Crkva opisana vo 2 Corinthians 8:1, etc svrsija rabota nikojk da ne my e vo kozata nivna podobro ke bese nikij od niv da nikogas nebese se rodil

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *