Со наслов „патријаршиски благослов за Охридската Архиепископија“, и „претставници на Охридската Архиепископија го примија благословот на Вселенскиот патријарх“, влијателните грчки медиуми за религиски прашања извиестија за учеството на делегација на МПЦ-ОА на именденот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Веста на своите профили на социјалните мрежи ја сподели и Вселенската патријаршија.
-Патријаршиски благослов за клирот и народот на Охридската Архиепископија Претставници на Свештениот Бигорски манастир, со благослов на нивниот Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, го посетија Фанар и присуствуваа на именденот на Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Меѓу бројните присутни од многу земји, беа и браќата од овој манастир, архимандритот Кирил и јеромонахот Еразмо, кои дојдоа во Фанар како претставници на монашката заедница со благослов на нивниот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, кој поради канонизацијата на Светите Спасо и Спаса не беше во можност да патува. Според соопштението објавено од Свештениот Манастир, отците беа почестени со посебен прием во канцеларијата на Неговата Сесветост, каде што му ги пренесоа честитките и желбите од нивниот Старец и неговите монашки заедници. Од своја страна, пак, Вселенскиот Патријарх ја изрази својата срдечна благодарност кон браќата и го испрати својот патријаршиски и татковски благослов на клирот и народот на Охридската Архиепископија, пишува во објавата на веста.

