Почетна Верски буквар Посен подварок
Посен подварок

Посен подварок

1.88K
0

Во деновите на велигденскиот пост, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Религија.мк, следниот период ќе се обиде да ви презентира неколку идеи што вкусно да подготвите дома, а да не го нарушите постот, секако ако сте се одлучиле да постите.

Дали сте пробале да направите посен подварок…

Потребни состојки

Две помали или една голема кисела зелка

Ориз

300 грама свежи печурки буковка (или сушен вргањ)

Бибер

Зачини

Црвен пипер

Ситно се сецкаат една до две зелки, а потоа убаво се цеди течноста од зелките.

Во поголемо тавче зелката се пржи на зејтин. На тивок оган се додека не потемни.

Потоа во зелката се става малку ориз една шолја за кафе и продолжува да се пржи уште 15 минути. Потоа се додаваат печурките сечени на покрупни парчиња и бибер, црвен пипер и зачини по вкус.

Се заедно се пржи уште некоја минута.

Во рерна смесата се става во тавче и се пече до половина час на температура околу 200 степени.

Лесен пост

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *