Почетна Вести Христијанство Посебна веб-страница за посетата на папата
Посебна веб-страница за посетата на папата

Посебна веб-страница за посетата на папата

284
0

За сите детали за историската посета на папата Франциск во Македонија закажана за 7 мај годинава, граѓаните и верниците од државава и од странство ќе можат да се информираат на посебната веб-страница www.papa.mk, направена токму за оваа цел. Оваа информација беше соопштена на првата прес-конференција наменета за посетата на папата од страна на Виктор Димовски, државен секретар на Министерството за надворешни работи и од Киро Стојанов, бискупот на Католичката црква во Македонија.

– Преку веб-страницата граѓаните и медиумите ќе се информираат со неопходните вести за посетата на папата. Инаку, за секоја посета на папата на одредена држава практика е да се подготвува веб-страница на која се поставуваат најновите информации за неговото патување – објасни Виктор Димовски, државниот секретар на Министерството за надворешни работи.

Според него, оваа посета ќе биде организирана на највисоко безбедносно ниво, бидејќи е класифицирана како државна посета на највисоко ниво, со сите посебни протоколи на безбедност.

На веб-страницата ќе бидат објавени сите детали за начинот на кој ќе може да се следи литургијата на плоштадот, а секој што ќе сака да биде присутен таму, ќе мора да се регистрира и да добие влезница, која ќе биде бесплатна. Исто така, и сите медиуми, без разлика дали се домашни или странски, ќе мора да бидат регистрирани со посебен протокол.

Инаку, според официјалниот протокол, папата во главниот град Скопје ќе остане само 10 часа и ќе има густ распоред. Во Скопје ќе пристигне од Софија. Ватиканската палата го објави и логото за посетата на Македонија, кое е напишано на македонски јазик и на него пишува: „Не бој се, мало стадо“, папата Франциск во Македонија, 7 мај 2019 година.

/Р.З. (Нова Македонија)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *