Почетна Вести Европа Порошенко и патријархот Вартоломеј го потпишаа договорот за формирање на Украинска црква!
Порошенко и патријархот Вартоломеј го потпишаа договорот за формирање на Украинска црква!

Порошенко и патријархот Вартоломеј го потпишаа договорот за формирање на Украинска црква!

271
3

Претседателот на Украина Петро Порошенко и цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпишале договорот за создавање на самостојна Украинска црква.

Церемонијата на потпишување на договорот се одржала во резиденцијата на патријархот во Истанбул.

-Денеска е историски ден. Потпишавме договор за соработка меѓу Украина и Вселенската патријаршија. Украинците се молеа Господ да им испрати единствена православна автокефална црква, изјави Порошенко по потпишувањето на договорот.

Воедно украинскиот претседател истакнал  дека „завршува процесот , создадени се сите услови за подготовка на Вселенски сабор за да томасот биде предаден во склад со каноните на автокефална црква“.

Патријархот Вартоломеј уште еднаш повторил дека има право да дава автокефалност  и воедно изјавил „дека со ваква акција се помага во изнаоѓањето на решение за расколот кој постои во Украина веќе 30 години“.

Коментар(3)

  1. Ова повеке ми личи на конкордатот што го потпишуваваше Ватикан со државите за регулирање на правната положба на Римокатоличката црква со државата. Така и овде правото на Цариград над новосоздадената Украинска црква. Чувајте се од Данајците и кога поклон даваат.

    1. Ti Nikolaj Velimirovic da ne si? Pa kako sakas da izgleda ovoj nastan? Na pazar da potpisat dogovor?

  2. г. Коки, изгледа повеке како да е потпишан на пазар. Меѓуцррковните договори ги потпишуваат поглаварите на црквите, а ако треба некои одлуки во врска со соработка на црквата и државата ги потпишуваат надлежните претставници на ресорите, а овде се работи за чист политички договор. А ако мислиш со тоа што ме поистоветуваш со св. Николја Велимировиќ, ја промовирам српската црква гадно си се излажал, бидејки лично за мене постои само МПЦ, која е наследничка или ако повеке сакаш продолжение на славната Охридска Архиепископија, и тоа не од 1018 туку од самото формирање од страна на св. Климент Охридски, бидејки 1018 виз. император Василиј ii ја укина – дерангира Охридската Патријаршија, и повторно и го врати првиот статус на архиепископија и затоа не можиме да се фалиме дека ОА постои 1000 години, таа е постара, всушност основана е од св. Климент Охридски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *