Митрополитот Иларион Алфеев од Руската Православна Црква и Митрополитот Петар од Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија беа единствените гости од сестринските православни цркви на свеченото устоличување на српскиот Патријарх Порфириј во седиштето на СПЦ во Печ, на Косово, речиси две години по неговиот избор за поглавар. Сите други владици кои учествуваа во литургијата беа од СПЦ, меѓу нив и членовите на ПОА.
Сепак, и во соопштението на СПЦ, но и за време на литургијата, Јован ја имаше привелигијата да биде прв до Патријархот.
СПЦ во сопштението пишува дека на Неговата Светост Патријархот српски г. Порфирије му сослужувале Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит Скопски Јован, добробосанскиот Хризостом, Црногорско-приморскиот Јоаникије, будимпештанскиот и маџарски Иларион од Московската Патријаршија и преспанско-пелагонсикиот Петар од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Инаку за време на Литургијата, во делот каде се спомнуваат поглаварите на помесните цркви, Порфириј ја искористи веќе воспоставената пракса, спомнувајќи го последен Архиепископот Стефан, само како Архиепископ Охридски.


SPC nema namera da ja povlekuva jerarhijata na Jovan (POA) od Makedonija. Vo Makedonija živeat i Srbi i SPC ne saka duhovno da gi odseče od Srbija i SPC i pokraj toa, što pod pritisak na EU na Vučić, SPC izdala invaliden tomos na MPC.
Јерархијата на Јован (ПОА) до вчера имаше помалку од 50 следбеници во Македонија. Денес јерерхијата на Јован (ПОА) непостои. Сликите што ги гледате се последните нивни појавувања како такви. Поради чест, поради мир, поради добра воља, поради наше трпение и др. Ако за брзо не прифатат реинтеграција и враќање назад во МПЦ, сеуште ќе можат да се сликаат само во Врање кај Пахомије и единствено само таму, како и досега. А за ЕУ, Вучиќ, притисокот, инвалидниот томос и останатите такви небулози на твојот и сличните на твојот мозоци … можеш сам да се сликаш или и ти можеш на сликање заедно со нив во Врање …