Српскиот патријарх Порфириј и делегацијата на СПЦ пристигна во Москва, каде утре со рускиот патријарх Кирил ќе учествуваат на погребот на епископот на СПЦ, Антониј, кој раководеше со Подворјето на СПЦ во Москва.
Порфириј и Кирил, заедно со делегациите на СПЦ и РПЦ имале и заедничка средба.
-Срдечно поздравувајќи го поглаварот на Српската православна црква, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил истакна дека во минатото претставниците на двете Цркви секогаш бранеле заеднички став: „Отсекогаш сме имале најсигурни браќа во претставниците на Српската црква. И ако, по милоста Божја, постигнавме некаков успех, тогаш нашите браќа од Српската црква секогаш учествуваа во тоа, па затоа со благодарност се сеќаваме на нашите добри интеракции“. Знаеме за добрите односи на српскиот народ кон Русија, кои не исчезнуваат, не имитираат, туку остануваат какви што знаеме од историјата. Епископот Иринеј е жив сведок на нашите заеднички дела, тој ја претставуваше Српската црква од најдобрата страна, вклучително и на меѓуправославните платформи, кога честопати бевме единствените кои имавме алтернативна гледна точка. Но, тоа секогаш сведочеше за длабока интеракција и искрени братски односи меѓу нашите Цркви“, рече патријархот Кирил, соопшти РПЦ.




