Почетна Вести Христијанство Порфириј препорачал МПЦ-ОА да си избере име
Порфириј препорачал МПЦ-ОА да си избере име

Порфириј препорачал МПЦ-ОА да си избере име

1.83K
0

Порфириј пред врачувањето на томосот истакнал дека се создадени услови Охридската архиепископија да биде самостојна  црква.

Во беседата српскиот патријарх препорачал МПЦ сега да најде соодветно име, пренесува РТС. Познато е дека групата хеленски цркви, предводени од Вселенската патријаршија, не прифаќаат нашата црква да го носи името МПЦ, па затоа процесот на признавање се одвива под ексиолошкото име Охридска архиепископија.

Поглаварот на СПЦ, исто така, рекол дека чинот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА не ја дели црквата, туку дека така таа расте заедно во љубов и хармонија.

Српскиот патријарх истакнал и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква.

Исто така, патријархот Порфириј порачал дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.

Порфирие нагласил и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Северна Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *