Порфириј испрати сочувство – Блажениот Тимотеј коопнееше по единството

Date:

Share post:

Српскиот патријарх Порфириј испратил сочуство до Архиепископот Стефан за смрта на Митрополитот Тимотеј.

Во нејзе пишува дека со длабоко жалење ја примиле веста за упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски, со кого пред еден месец сослужувале на литургијата во манастирот Џунис.

-Епископот Блажениот Тимотеј, како верен Христов сведок, копнееше за единство и, кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставување на нарушеното единство на Црквата, служејќи лично Bожествена служба, среќавајќи и соработувајќи со Нас и нашите браќа епископи на Српската православна црква ги залечи раните што постоеја поради децениското разделување. Така стекна голема почит меѓу свештенството и верниот народ на Пеќката патријаршија. На најкратоко и најточено речено владиката Тимотеј го видовме како наш најблизок брат во Христа.

Затоа, бидете уверени, блажени, дека ќе се погрижиме молитвено да го чуваме споменот на незаборавниот митрополит Тимотеј како наш постар брат и искрен пријател кој не се двоумеше, надвор од куртоазните манири, не прифати со искрена братска љубов. Ве замолуваме, драг наш брате и сослужител во Христа, за загубата на големиот архиереј и пастир, блажениот митрополит Тимотеј, да ги примите изразите на нашето најискрено сочувство, но и да ги пренесете до полнотата на Македонските православни црква. Му се молиме на Воскреснатиот Господ неговата праведна душа да ја населеи во Рајот каде што Божјите угодници се вечно блажени!, стои во телеграмата со сочуство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img