Почетна Вести Европа Поранешниот папа Бенедикт XVI ја најави својата смрт
Поранешниот папа Бенедикт  XVI ја најави својата смрт

Поранешниот папа Бенедикт XVI ја најави својата смрт

139
0

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаестти, кој во април треба да наполни 91 година, во писмо упатено до италијанскиот весник „Кориере дела сера“, најавува дека се подготвува за „своето последно патување“.

– Полека останувам без физичка сила и внатрешно сум на аџилак кон Божјата куќа, напиша папата Јозеф Рајцингер, по објавените информации дека неговата здравствена состојба се влошува.

Тој натаму во писмото нагласува дека за него претставува „голема милост затоа што на последниот дел од патот, кој понекогаш е заморен, е опкружен со љубов и добрина, какви што не можел ни да замисли“.

Рајцингер поднесе оставка на местото поглавар на Римокатоличката црква во февруари 2013 година. Од тогаш тој живее во еден мал манастир во Ватикан, опкружен од неколку калуѓерки и неговиот личен секретар Георг Гансвајн.

Анонимен висок претставник на Ватикан пред неколку дена изјави дека поранешниот папа „повеќе не може да се служи со рацете, не може да свири клавир и има ослабен вид, но е совршено свесен и се сеќава на се“.

Ова не е прва најава на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на неговата смрт. Пред две години тој објави дека „се гаси како свеќа, полека и мирно“.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *