Почетна Вести Христијанство Поправен срамниот фалсификат – вратени старите имиња на фреските во Осоговски
PRED I POTOA
IMG_201
IMG_202
IMG_203
IMG-205
IMG-204

Поправен срамниот фалсификат – вратени старите имиња на фреските во Осоговски

2.10K
1

Останува мистеријата кој и зошто извршил сквернавење на дел од фрескоживописот во манастирот Свети Јоаким Осоговски, но оригиналните имиња на светителите се вратени во правобитна состојба.

Манстирот Свети Јоаким Осоговски е под управа на Кумановско-осоговската Митрополија, со која сега раководи Митрополитот Григориј. Тој во изјава за „Религија.мк“ ја потврди информацијата објавена во српските медиуми, но потенцира дека Епархијата ова го приметила и пред да биде објавено во медиумите и веднаш побарале новите натпсии да се отстранат. И отец Григориј вели дека не знае кој и кога тоа го сторил.

– Уште пред да се појави информацијата во медиумите, разбравме дека е интервенирано на дел од фреските, но за жал не знаеме кога е тоа направено. Побаравме новите натписи да се отстранат зашто е недозволиво да се менуваат историските факти и вистини на нашите простори. Така што фреските од пред извесно време се вратени во оригиналната состојба. Меѓу другото, за во иднина да не ни се случуваат вакви работи, донесовме Одлука за сите интевенции, стручна работа или било какви други работи во црквите и манастирите да се добива дозвола од страна на МПЦ и да се контролира што се работи во истите, вели Митрополитот Григориј во изјава за „Религија.мк“

Скандалозниот фалсификат го обравија српските медиуми и спрпскиот културно информативен центар „Спона“ од Скопје пред два дена сопделија фотографии од фреските во манастирот кај Крива Паланка, на кои се гледаше дека фреските на  Светите цареви Урош и Лазар, и Светите кралеви Милутин и Стефан Дечански, биле прекрстени во „цар Владимир Киевски, Јован Милостив, Константин Велики, Никифор Фока.

Претставници на „Спона“ за српските медиуми изјавиле дека сквернавањето на фреските најверојатно се случило во текот на оваа 2020 година, но нема детали кога и по чиј налог.

Иканку Манастирот Свети Јоаким Осоговски е споменик на Културата, заштитен со закон во Македонија.  На јужниот ѕид се наоѓаат фреските на Цар Урош, Цар Лазар, Крал Милутин и на Стефан Дечански, кои биле прекрстени во Цар Владимир Киејевски, Јован Милостив, Цар Константин Велики, Свети Никофор. На северниот ѕид пак се наоѓаат фреските на Свети Никодим, Стефан Првовенчани, кои биле прекрстени во Свети Константин Кавасила, Архиепископо Охридски и Свети цар Јустинијан Први.

ГАЛЕРИЈА од поправените фрески. Слики на Кумановско-осоговската епархија

Коментар(1)

  1. EEE, znaci nisto nema od vleguanjeto vo EU. Nisto ne ispolnuvame sto nara Bugarija, Ne se odrekuvame od Makedonskiot :-apostol G. Delcev, od jazikot, od istorijata, od pridavkata makedonski, nejceme da gi briseme freskite po crkvite i manastirite, odbivame na sabajle soveti od bugarite za sto prvo da se fatime. I sakame vo zEU, epa ne znam kako ce stogneme do tamu.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *