Почетна Вести Полскиот амбасадор гостин кај Рејсот Реџепи
Полскиот амбасадор гостин кај Рејсот Реџепи

Полскиот амбасадор гостин кај Рејсот Реџепи

72
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи имал средба со полскиот амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски.  Средбата, на 8 март 2016 година, била во Кабинетот на поглаварот Реџепи, кој го запознал Амбасадорот на Полска активностите функционирањето на ИВЗ во Македонија како единствена исламска верска институција во земјата.

Реџепи и Мултановски зборувале и за значењето на воспитно образовните институции како што се  Медресето Иса Бег и Факултетот за Исламски Науки.

Како што соопштуваат од Кабинетот на реисот, на средбата станало збор за организирањето на ИВЗ и за предизвиците со кои што таа се соочува

-Полскиот амбасадор Мултановски се запозна и со досегашните достигнувања во организацијата на верскиот живот и со реализирањето на правата на муслиманските верници во земјата. Ефенди Реџепи посебно ја истакна правната и друштвената положба на верските заедници во Македонија. Од друга страна, Амбасадорот Мултановски го изрази своето задоволство од срдечниот пречек како и од сознанијата што му беа презентирани од страна на Реис Ул Улема , Реџепи. Тој, изрази подготвеност за меѓусебна соработка помеѓу Амбасадата на Полска и ИВЗ во РМ, стои во соопштението од Кабинетот на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи,

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *