Почетна Вера Полноќна Божикна миса во Катедралата Пресвето Срце Исусово
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Полноќна Божикна миса во Катедралата Пресвето Срце Исусово

103
0

Христијаните кои се раководат по грегоријалнскиот календар, меѓу кои се верниците на Римокатоличката црква, како и голем дел од православните цркви, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

Традиционално во Македонија централната прослава беше во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *