Почетна Вера МПЦ-ОА Политичарите за Велигден на литургии в црква – пораки за единство и просперитет

Политичарите за Велигден на литургии в црква – пораки за единство и просперитет

71
0

Посакувам да сме сплотени, да сме заедно, да мислиме на она што го оставаме на идните генерации, порача претседателот Иванов од Охрид по повод  Христовото воскресение.

Собранискиот спикер Џафери упати желби за добро здравје, спокој во душата и благосостојба во домот.

– Нека убавите празнични мисли царуваат во умот и животот, ваш и на вашите блиски и сакани. Нека духот на овој голем празник завладее во вашите души за да влее верба и надеж дека универзалните пораки на почит кон истиот, а и различниот, благодарност кон Бога, но и кон блиските, солидарност кон познатите, но и кон непознатите, љубов кон блиските, но и кон целиот човечки род, се водилки и начин на живот за сите кои живеат на оваа планета Земја. Заедно, да придонесеме за креирање на совршениот мозаик кој е цел кога ги има сите делчиња, се вели во честитката.

Честитка од родната Струмица упати и премиерот Заев.

Желби за здравје, среќа во семејството, спокој и напредок упати министерката Шекеринска која беше дел од владината делегација која присуствуваше на Воскресната литургија.

На честитките се придружи и опозицискиот лидер, Мицкоски.

И претседателските кандидати го честитаа Велигден. Силјановска Давкова од Соборниот храм рече дека денеска е најголемиот ден за верниците.

Пендаровски, пак, честиташе од Бигорскиот манастир каде престојува со семејството.

Честитка за Велигден  воскресение Христово упати и претседателот на Комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски. -Нека празничните денови ја разбудат човечноста и солидарноста меѓу граѓаните, се вели во честитката.

/sitel

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *