Почетна Вести Европа Политичар во Холандија премина во ислам пишувајќи книга против исламот
Политичар во Холандија премина во ислам пишувајќи книга против исламот

Политичар во Холандија премина во ислам пишувајќи книга против исламот

272
0

Јорам ван Клаверен, кој едно време беше пратеник и втор човек на екстремно десничарската партија Партија за слобода (PVV) во Холандија, премина во ислам додека пишувал книга против исламот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на холандските медиуми, 39-годишниот поранешен политичар Јорам ван Клаверен во октомври минатата година премина во ислам.

Погледот на овој поранешен политичар кон исламот се сменил додека вршел истражувања во врска со книгата што ја пишувал против исламот.

Откако премина во ислам, Клаверен издаде книга со која ги поби мислењата на лицата кои не се муслимани околу исламот.

Клаверен, кој беше пратеник во холандскиот Парламент во периодот од 2010 до 2017 година, во 2014 година стана независен пратеник поради расистичките изрази на лидерот на партијата PVV, Герт Вилдерс, против лицата со потекло од Мароко.

Ван Клаверен во изборите одржани во 2017 година во оваа земја стана кандидат од партијата која ја формира тој самиот, но ја напушти политиката откако не доби доволно гласови.

Исто така, и лидерот на партијата Единство, Арноуд ван Дорн, кој извесно време бил во екстремно десничарската партија PVV, пред околу шест месеци ја напушти неговата партија и премина во ислам.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *