Почетна Вести Регион Погребот на Иринеј в недела, СПЦ ќе го изложи телото за опростување од верниците
Погребот на Иринеј в недела, СПЦ ќе го изложи телото за опростување од верниците

Погребот на Иринеј в недела, СПЦ ќе го изложи телото за опростување од верниците

265
0

Српската православна црква и покрај драматичните размери со пандемијата од Коронавирусот, но и покрај тоа што Патријархот Иринеј почина од Ковид 19, одлучи неговото тело утре да биде изложени во две цркви во Белград. Првин во Соборниот храм Свети Архангел Михаил за време на Светата Литургија утре на денот кога храмот слави слава, а потоа телото на Иринеј ќе биде пренесено во црквата на Свети Сава на Врачар, каде верниците ќе имаат можност да се опростат од покојниот Патријарх.

На ист начин СПЦ постапи и со починатиот црногорско-приморски митрополит, за што имаше остри реакции на здравствените авторитети.

Според олуката на СПЦ, Патријархот Иринеј ќе биде погребан в недела на 22 ноември во криптите на храмот Свети Сава. Претхдно ќе биде отслужена заупокоена Литругија во истиот храм.

Овие одлуки ги донел Синодот на СПЦ, кој денеска заседавал, согласно Уставот на СПЦ за вакви ситуации.

До изборот на нов поглавар со СПЦ ќе раководи Синодот, на чело со Митрополитот Добробосански Хризостом.

Како администратор на белградско-карловачката митрополија е избран Шумадискиот епископ Јован.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *